Победата на Кашива Рејсол над Гамба Осака од 4:2, мина во знакот на Кристијано, но не Роналдо, туку само Кристијано, бразилски фудбалер кој настапува во земјата на изгрејсонцето.
При резултат 3-1 за неговиот тим, деветката на Кашива се најде на центарот на игралиштето, си ја намести топката на десната нога, виде дека гостинскиот голман е доста напред и реши да испали „бомба“. За негова среќа, а и за радост на публиката, шутот беше прецизен и топката влезе во голот за делириум на трибините и водство од 4-1.
Ова беше меч од последното коло на регуларната сезона, а Кашива остана претпоследна на табелата, па ќе игра плејаут со надеж дека ќе го задржи прволигашкиот статус.
Голот на 31-годишниот Кристијано да Силва вреди да се погледне:
https://www.youtube.com/watch?v=wAwiD3-mC9U