Кристијано Роналдо со двата погодоци против Интер кои беа доволни за победата од 2-1 во првото полуфинале во Купот, го прекина постот од јануари и им се врати на головите.
Неговиот учинок беше доволен за Бјанконерите со една нога да се приближат кон финалето во Италијанскиот куп, а воедно Португалецот докажа дека ја заслужи наградата за најдобар фудбалер на изминатата деценија.
Интернационалната федерација за фудбалска историја и статистика го прогласи Кристијано за најдобар играч во периодот од 2010 до 2020 година, кој беше во конкуренција со Мануел Нојер, голманот на Баерн Минхен, како и неговиот поранешен соиграч и капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос.
ИХХФС во меѓувреме ги одреди и најдобрите 11 европски фудбалери, Роналдо секако го предводи нападот заедно со Левандовски. Тука се уште Де Бројне, Модриќ, Иниеста и Крос во средниот ред, додека одбраната пред Нојер ја сочинуваат Бонучи, Ван Дајк, Рамос и Лам.
IFFHS' best European XI of the decade. pic.twitter.com/aliQqlkr9X
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) February 2, 2021