Роналдо кога погодува, Јувентус победува – Куп-финалето и се насмевнува на Старата дама (Видео)

Кристијано Роналдо постигна два гола за Јувентус, клучни за победа против Интер, вечерва на „Џузепе Меаца“ во првиот дуел од полуфиналниот двомеч во Купот на Италија.

Португалецот беше прецизен во 26-тата и во 35-тата минута, а со неговите голови Јувентус направи пресврт откако Интер поведе со погодокот на Лаутаро Мартинес во деветтата минута.

Кристијано сега има постигнато голови во сите натпреварувања сезона во кои настапи за Јувентус, има 22 гола на 23 меча и повторно и убедливо е најдобар стрелец на Старата дама.

Реваншот ќе се игра во Торино на 9 февруари, а утре започнува и двомечот од второто полуфинале меѓу Наполи и Аталанта.

 

 

- Оглас -

Најнови вести