Кристијано Роналдо беше разочаран што не доби прилика да заигра на дуелот со Тотенхем и се одлучи да направи гест кој не им се допадна на многумина. Пред истекот на 90-тата минута, португалската суперѕвезда ја напушти клупата и замина во соблекувалната.
Манчестер јунајтед победи, но на Роналдо не му беше до славење. Тој отворено искажа незадоволство од статусот што го има.
Менаџерот Ерик тен Хаг не сакаше да му придава големо значење на потегот и рече дека денеска ќе разговара со Кристијано и ќе го решава проблемот.
https://twitter.com/i/status/1582845222907969537