Саудискиот Ал-Наср ќе игра во четвртфиналето на азиската Лига на шампиони откако вечерва го победи Ал-Феиха со 2-0 и со вкупни 3-0 го елиминираше саудискиот ривал.
Во четвртфиналето, Ал-Наср ќе игра со Ал-Аин од Обединетите Арапски Емирати, тим чиј тренер е некогашниот славен аргентински фудбалер Ернан Креспо.
Кристијано Роналдо не можеше да не даде гол, тој двапати го совлада голманот Владимир Стојковиќ, но едниот погодок го поништи ВАР, а потоа со многу среќа и по кикс на Стојковиќ, КР7 сепак се запиша во листата на стрелците со трети гол на третиот настап во 2024 година.
Роналдо беше во центар на внимание и во финишот на првото полувреме кога доби жолт картон за еден прекршок, па не можеше да се помири со одлуката на кинескиот судија Нинг Ма. Фаулот на Роналдо погледнете го ТУКА.
Ова е реакцијата на Португалецот и расправијата со судијата:
Cristiano wasn’t happy with the ref!
— Al Nassr Zone (@TheNassrZone) February 21, 2024