Кристијано откри која е разликата помеѓу Сари и Пирло

Со Андреа Пирло како тренер, играчите на Јувентус се задоволни и насмеани, нешто што не беше во случај во времето кога екипата ја водеше Маурицио Сари. Ова го изјави најдобриот фудбалер на Јуве, Кристијано Роналдо.

Пирло ја критикуваше играта на својот тим по ремито со Рома, но го издвои Португалецот Роналдо, кој ги даде двата гола, од кои едниот беше по небесен скок и удар со глава.

„Среќен сум што го имаме во тимот бидејќи тој не дава само голови, туку кога останавме со играч помалку, многу трчаше, се трудеше да ги покрива празнините“, изјави Пирло.

И Роналдо имаше пофални зборови за тренерот.

„Уште е рано да се зборува за Пирло како тренер, но можам да забележам дека сега екипата е многу посреќна и конечно на тренинзите работиме со насмевки на лицата“, рече Кристијано, кој не беше во добри односи со Сари, кој во минатата сезона на два меча по ред го вадеше од игра Роналдо и тој не му прости.

- Оглас -

Најнови вести