Кристијано преку сестра му го возвраќа ударот на Ван Дајк

На синоќешното доделување на Златната топка, Вирџил ван Дајк упати провокација кон Кристијано Роналдо откако Холанѓанецот со чудење запраша „Дали Роналдо бил во конкуренција за најдобар сезонава“?

Катја Авеиро, сестра му на Кристијано Роналдо, веднаш реши да му одговори на Ван Дајк со објаснување за тоа кој е Португалецот и колку работи има направено и освоено.

„Мислам дека се јавија фрустрирани луѓе. Оние кои немаат допир со реалноста. Драг Вирџил, каде и да одиш ти, Кристијано Роналдо таму веќе бил по 1.000 пати. Види, драг Вирџиле. Тој Кристијано трипати бил првак во државата во која ти играш со години и уште немаш освоено ниту една титула. Дури бил и најдобар стрелец и најдобар играч во државата во која ти играш. Дури тој беше и многу помлад од тебе. Потоа, мил Вирџиле, Роналдо замина од таму и отиде во Реал Мадрид, каде што стана најдобар фудбалер во историјата на клубот. Реал Мадрид, дали ти значи тоа нешто Вирџиле?“, напиша Катја, сестрата на Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести