15.8 C
Skopje
среда, 22 октомври 2025

Кристијано Роналдо го кани Левандовски во Ал-Наср

Кристијано Роналдо има клучна улога во привлекувањето на познати играчи во саудиската професионална лига, откако го убеди својот сонародник Жоао Феликс да му се приклучи во Ал-Наср, Португалецот сега поднесе ново барање за трансфер.

Според шпански медиум, 40-годишната фудбалска икона побарал од својот клуб да го ангажира напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски.

Се шпекулира дека 37-годишниот полски напаѓач ќе го напушти шпанскиот гигант на крајот од тековната сезона и како слободен ќе може да се приклучи каде сака.

Леви го изгуби местото во стартниот состав под водство на тренерот Ханси Флик и  разделбата со Каталонците е речиси сигурна. Левандовски летово одби понуда од Саудиска Арабија, но со истекот на договорот, напаѓачот ќе се соочи со тешка одлука бидејќи има интерес за него и од европски и американски клубови. 

- Оглас -

Најнови вести