Кристијано Роналдо го напушта Ал-Наср?

Иднината на Кристијано Роналдо во Ал-Наср станува сѐ понеизвесна, откако преговорите за продолжување на договорот биле ставени во мирување поради серијата слаби резултати на клубот, објави „Марка“.

Разговорите за евентуално двегодишно продолжување на договорот се замрзнати веднаш по поразот на Ал-Наср со 2-3 од Ал-Итихад во натпревар од Саудиската Про Лига, кој дојде само неколку дена по елиминацијата во полуфиналето на азиската Лига на шампионите од јапонскиот Кавасаки Фронтале. Овие неуспеси го доведоа во прашање останувањето на 40-годишниот Португалец во клубот.

Роналдо, кој пристигна во Ал-Наср од Манчестер јунајтед во почетокот на 2023 година, стана амбасадор на саудиското првенство и едно од неговите најголеми имиња. Сепак, уште една сезона без трофеј предизвикала големо разочарување кај него. Според „Марка“, тој очекувал да потпише нов договор, но сега ја преиспитува својата иднина, додека раководството на клубот не ја исклучува можноста за разделба.

Не се исклучува ниту сценариото Роналдо да прејде во друг клуб од Саудиска Арабија.

И покрај тоа, ветеранот останува силно мотивиран да ја оствари една од своите последни големи цели – да постигне 1.000 голови во официјални натпревари. Во моментов, неговиот биланс изнесува 934 голови.

Ал-Наср моментално се наоѓа на четвртата позиција во лигата, место кое не обезбедува пласман во следното издание на азиската Лига на шампионите. Следниот меч го играат во понеделник против Ал-Акдуд.

- Оглас -

Најнови вести