Белингам најмлад во историјата со 50 настапи во ЛШ

Англичанецот од Реал Мадрид, Џуд Белингам, стана најмладиот фудбалер со 50 настапи во историјата на Лигата на шампионите.

Белингам има 22 години и 128 дена, со што го надмина досегашниот рекорд на легендарниот голман Икер Касилјас, кој имаше 22 години и 155 дена кога се појави по 50-ти пат во ЛШ.

Во топ 5 се и Сеск Фабрегас, Килијан Мбапе и Лионел Меси.

- Оглас -

Најнови вести