Кристијано Роналдо го постигна 934-тиот гол во кариерата, Ал-Наср е во полуфиналето од азиската ЛШ (Видео)

Екипата на Ал-Наср на убедлив начин дојде до пласман во полуфиналето од азиската Лига на шампиони, откако со 4-1 го совлада јапонскиот претставник Јокохама. Патникот помеѓу најдобрите четири екипи во Азија беше одлучен уште во првото полувреме, после кое Ал-Наср имаше водство од 3-0.

Резултатот го отвори Дуран во 27-мата минута, Мане во 31-вата минута зголеми на 2-0, а Кристијано Роналдо со својот 934-ти гол во кариерата зголеми на 3-0 во 38-мата минута.

Второто полувреме беше само формалност, па Португалецот беше заменет во 69-тата минута, со оглед на тоа дека завршницата на азиската Лига на шампиони се игра турнирски, па Пиоли сака да го сочува за полуфиналето, во кое ќе играат против подобриот од мечот на Кавасаки и Ал-Сад.

- Оглас -

Најнови вести