Кристијано Роналдо му се нудел на ПСЖ, но бил одбиен затоа што е стар и скап

Кристијано Роналдо ги игра последните шест месеци од договорот со Ал-Наср и според правилата на ФИФА слободно може да преговара со други екипи. Во моментов нема информации дека двете страни преговараат за продолжување на договор, ниту каква ќе биде иднината на Португалецот.

Затоа, шпанските медиуми излегоа со интересно тврдење. Според нив, Кристијано Роналдо, односно неговиот менаџерски тим ги понудил неговите услуги на ПСЖ, но од таму биле одбиение со образложение дека е стар и скап фудбалер.

Дали ваквите информации се најава дека Кристијано Роналдо ќе се врати во европскиот фудбалер, засега не е познато, но јасно е дека Португалецот планира да продолжи да игра барем додека дојде до бројката од 1.000 голови во кариерата.

- Оглас -

Најнови вести