Кристијано Роналдо остана без тренер во Ал-Наср!

Францускиот стратег Руди Гарсија повеќе не е тренер на тимот на Ал-Наср во Саудиска Арабија, каде што настапува Кристијано Роналдо. Заминувањето на Гарсија е поради нарушените односи со фудбалерите и лошата атмосфера која е создадена во тимот. Според пишувањата, Гарсија веќе имал вербални конфликти со дел од фудбалерите.

Причина за овие нарушени добри односи секако се лошите резултати на екипата. Ал-Наср не успеа да го освои Суперкупот на Саудиска Арабија, а и во првенството може да остане без трофејот.

Во последното коло од домашното првенство Ал-Наср киксира и одигра без голови против Ал-Фајха, па сега заостанува три бода зад лидерот Ал-Итихад. До крајот на првенството има уште седум кола.

- Оглас -

Најнови вести