Кристијано Роналдо повторно ја фрли капитенската лента на земја (Фото+Видео)

Вечерашниот натпревар помеѓу Белгија и Португалија беше веројатно последен меч на европските првенства за Кристијано Роналдо. Роналдо не успеа да даде гол со кој би станал светски рекордер по број на голови за национален тим и неговата репрезентација испадна во осминафиналето.

За 36-годишниот голгетер, овој пораз може да биде и последен во неговата кариера на континенталните шампионати. Роналдо е единствен играч кој играл и дал гол на пет различни европски првенства. Разочарувањето му беше големо, па по мечот во Севилја, капитенската лента ја фрли на земја.

За разлика од мечот со Србија, кога ја фрли лентата од лутина, овојпат беше од фрустрација и разочараност.

Камерите го снимија моментот кога Роналдо се свести дека можеби веќе никогаш повторно нема да заигра на ЕП:

- Оглас -

Најнови вести