8.8 C
Skopje
сабота, 1 ноември 2025

Кристијано Роналдо со гол од пенал во 104-тата минута донесе победа за Ал-Наср (Видео)

Кристијано Роналдо е херојот на Ал-Наср, кој со два гола направи пресврт и донесе победа од 2-1 над Ал-Фајха. Португалецот веќе има 952 гола во кариерата и се поблиску е до магичната граница од 1000 гола во кариерата.

Роналдо погоди во 37-мата минута за израмнување на 1-1, а вториот гол го постигна од пенал во 104-тата минута, иако беа покажани „само“ шест минути продолжение на мечот.

Ал-наср е лидер на табелата со максимални 21 бод од седум меча, три повеќе од второпласираниот Ал-Тавон.

- Оглас -

Најнови вести