17.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Кристијано се жалел на базенот, Манчестер јунајтед веднаш се фати со реновирање

Кристијано Роналдо се жалел дека базенот кој го користат фудбалерите на Манчестер јунајтед има искршени плочки и не е пипнат од 2009 година, па клубот веднаш го послушал барањето. Базенот во тренинг-центарот во Карингтон се реновира и ќе биде готов до стартот на подготовките на Црвените ѓаволи во средината на јули.

Сите други играчи молчеле, но не и Роналдо. Тој кажал дека има ризик од повреди, бидејќи фалеле плочки, а некои биле искршени. Португалецот се заканил дека нема да ги користи базените ако не бидат реновирани.

Од клубот сериозно ги сфатиле укажувањата на првата ѕвезда и не сакаат Роналдо за регенерација да продолжи да ги користи само базените кои ги има дома.

- Оглас -

Најнови вести