22.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Кристијано сепак не го разочара детето кое мина 1.300 километри за да добие негов автограм

Момчето по име Борис кое од Полска со татко му допатува во Белград за да добие автограм од Кристијано Роналдо, иако не ја постигна целта кога Португалците слетаа завчера во главниот град на Србија, сепак доби автограм и се фотографирале заедно во хотелот, притоа добил и топка со потпис од португалските репрезентативци.

Таткото на Борис е навивач на Легија и Црвена ѕвезда, ова му е 15-ти пат да оди во Белград. Инаку, не е лесно да се дојде до Роналдо, тој е сам во претседателскиот апартман во хотелот „Хајат“ и за да не излегува од соба, за него има посебен готвач, собарка и келнер, кои мораа да имаат негативен тест за коронавирус.

- Оглас -

Најнови вести