Дете патувало 1.300 километри до Белград за да добие автограм од Роналдо, но… (Фото)

Кристијано Роналдо и останатите португалски репрезентативци пристигнаа во Белград каде в сабота вечер ќе имаат гостување во битка за првото место во квалификациската група за пласман на Мундијалот во Катар.

На аеродромот во Белград, еден млад фан на ѕвездата на Јувентус истакна транспарент дека патувал 1.300 километри за да добие автограм од Роналдо, но младиот навивач остана разочаран. Полициското обезбедување не дозволи никој да им се доближи да Португалците.

Роналдо го чекаше и една девојка, која успеа некако со раце и знаци да размени пораки со главната ѕвезда на Португалците.

- Оглас -

Најнови вести