Македонскиот скијач Лука Божиновски го освои 63. место во конкуренција на 98 натпреварувачи во велеслаломската трка на Светскиот шампионат во Оре.
Победник и нов светски првак е Норвежанецот Хенрик Кристоферсен, кој ги изненади фаворитите Алексис Пинтуро и Марсел Хиршер и со брилијантна втора трка го освои златото.
Марсел Хиршер, кој беше топ фаворит за победа во Оре, заостана за 20 секунди на второто место, а бронзата му припадна на светскиот првак во комбинација, Пинтуро.
Божиновски не успеа да приреди подвиг и да се пробие до првата триесетка, за да може да учествува и во втората трка па во конечен пласман е на 63. место.