Криза е, нема недопирливи – Ристовски и сите фудбалери на Спортинг се на продажба

Спортинг најави дека ќе му го продолжи договорот на Стефан Ристовски за две години, но и македонскиот репрезентативец ќе се најде на трансфер-пазарот, како и сите останати играчи на клубот ако за нив има прифатлива понуда летово.

Кризата со Коронавирусот го погоди и Спортинг, како и сите фудбалски клубови на планетата, па челниците на Лавовите од Лисабон велат дека нема недопирливи.

„За секој играч што ќе имаме добра понуда, ќе може да си замине“, објавија од Спортинг. Одлуката не е неочекувана, а еден од трите гиганти на португалскиот фудбал и пред епидемијата со Коронавирусот беше во финансиска криза.

Сега, кога првенството е во мирување, Спортинг губи пари, па тешко ќе се извлече без продажба на дел од својот фудбалски погон.

Крвната слика малку им ја подобри продажбата на Бруно Фернандеш во Манчестер јунајтед за 80 милиони евра на почетокот на годината, а сега можно е и неговиот цимер Стефан Ристовски да биде продаден ако има добра понуда за него.

Десниот бек на македонската репрезентација е единствениот наш играч што настапува во најквалитетната португалска лига.

- Оглас -

Најнови вести