Крос го „откри“ Роналдо: Никој не ја гледа неговата вистинска страна

Тони Крос и Кристијано Роналдо долги години беа соиграчи во Реал Мадрид. Заедно со Кралскиот клуб, овие фудбалери освоија по четири титули во Лигата на шампионите, а Германецот даде едно искрено интервју за неговиот некогашен соиграч.

„Никој не ја гледа вистинската страна на Роналдо, туку ги гледаат неговите коли, стомачните мускули или куќата во којашто живее. Роналдо до сето ова дојде со неверојатни тренинзи, секојдневен напредок, тој цело време прв доаѓа и последен си оди на тренинг.

Роналдо не го има сето ова поради тоа што е Кристијано Роналдо, туку поради што секојдневно вложува во себе. Погледнете го, има 37 години и можам да кажам дека е подобро подготвен од 90 отсто од фудбалерите на планетава. Тој е неверојатен и има неверојатна страст кон фудбалот“, изјави Крос.

- Оглас -

Најнови вести