Крос повлече нога, следуваат уште неколку потписи во Реал

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, денеска во рок од неколку часа договори неколку потписи со клучни играчи на Кралевите.

Прв кој се согласи да остане во Реал Мадрид и следната сезона е Тони Крос, кој треба да ја има улогата на ментор на младите ѕвезди на Кралевите, како Арда Ѓулер и Ендрик.

Само неколку часа по веста дека Крос е договорен за следната сезона, шпанските медиуми објавија дека Перес се договорил да ја продолжи соработката со уште двајца клучни играчи, тоа се Лукас Васкес и Начо.

На продолжување на договорите со Крос, Начо и Лукас Васкес инсистирал тренерот Карло Анчелоти, кој го убедил Перес дека тројцата искусни фудбалери би требало да имаат клучна улога во соблекувалната и на теренот и следната сезона, како и да им бидат ментори на неколкумината млади фудбалери кои во иднина сите ги гледаат како лидери на Реал.

Според шпанските медиуми, понуда за нов едногодишен договор добил и Лука Модриќ, но Хрватот треба да се согласи на помала плата и на помала минутажа, а по завршување на договорот идното лето би останал во клубот како помошник на Карло Анчелоти.

- Оглас -

Најнови вести