Рано му е за пензија, Крос ќе го продолжи договорот со Реал за уште една сезона

Познатиот новинар Фабрицио Романо, кој е експерт за трансфери, објави ексклузивна информација дека Тони Крос договорил да остане во Реал Мадрид уште една сезона.

Крос, кој во неколку наврати има кажано дека не планира да игра уште долго, со новиот договор кој ќе се потпише наскоро би останал во Реал до јуни 2025 година, кога ќе биде 35-годишен и зад себе ќе има 11 сезони како играч на Кралскиот клуб од Мадрид.

Ова не е големо изненадување затоа што штом Крос се врати во националниот тим и ќе игра на Европското првенство летово, јасно беше дека не му е до пензија и ќе игра и следната сезона, која можеби ќе му биде последна во кариерата.

- Оглас -

Најнови вести