Фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос, по пауза од две години, повторно е дел од репрезентацијата на Германија и ќе биде предводник на селекцијата која ќе настапи на Европското првенство, на кое се домаќини.
Германската јавност е воодушевена од некои потези кои ги направи Џамал Мусијала на тренингот на репрезентацијата, а токму Крос имаше свој коментар пред медиумите.
„Не ја следам Бундеслигата, повеќе ја гледам Лигата на шампионите. Таму го гледам Џамал. И никогаш претходно да го немав гледано, денешниот тренинг ми беше доволен да сфатам за каков играч се работи“, рече Тони Крос за германските медиуми.
Toni Kroos about Jamal Musiala after just one training session: "Even if I had never seen him before, this morning's training session would have been enough for me" ⭐️ pic.twitter.com/GMF521CH28
— Norman (@norman826) March 19, 2024