17.8 C
Skopje
понеделник, 29 септември 2025

Крсте Велкоски добива унапредување во генерален директор на Сараево

Легендарниот фудбалер на Сараево, а досегашен спортски директор на „бордо“ тимот, Крсте Велкоски, ќе добие унапредување на својата улога во клубот од Кошево, пренесуваат босанските медиуми.

На денешната седница на Собранието на ФК Сараево, Велкоски ќе биде назначен за нов генерален директор и на таа функција ќе го наследи Тарик Трбиќ, кој својот ангажман во клубот го заврши на 30 мај оваа година.

Велкоски беше назначен за спортски директор на ФК Сараево на почетокот на јули годинава.

Во меѓувреме, поради слабите резултати, тренерот Хусреф Мусемиќ е сменет од својата функција. Нов стратег на тимот ќе биде Марио Цвитановиќ.

- Оглас -

Најнови вести