Крсте Велковски е нов Лав

Македонија ЃП денеска и официјално го претстави Крсте Велковски како ново засилување за вториот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

Велковски во Македонија ЃП доаѓа од редовите на Работнички и е четврто засилување за Лавовите по Џонатан Балотели, Давид Лопес и Џонатас да Силва.

 

Велковски минатата година се врати во македонскиот шампионат потпишувајќи за Работнички откако претходно една деценија помина во странство играјќи во Романија, Кипар, Јужна Кореја, Тајланд, а најголема трага остави во Сараево, каде што играше седум сезони и освои три титули во шампионатот на БиХ.

 

- Оглас -

Најнови вести