Шпанскиот фудбал во страв, можно ли е сензационална казна пред стартот на ЕП 2024!?

Европската фудбалска федерација (УЕФА) и Светската федерација (ФИФА) со големо внимание посматра што се случува во шпанскиот фудбал и според тамошните медиуми, може да се случи да има суспензија. Доколку се случи политиката да се вмеша во спортот, УЕФА ќе може да ги суспендира сите клубови од европските натпреварувања, но може да се случи дури и шпанската репрезентација да биде суспендирана за настап на Европското првенство кое летово ќе се игра во Германија.

Во Шпанија уште нема избрано нов претседател на Федерацијата, а некои од кандидатите поради корупциски скандали беа исфрлени од трката. Шпанскиот фудбал остана без прв човек откако Луис Рубиалес мораше да си замине поради сексистичкиот скандал на Светското првенство за жени, кога тој реши директно во уста да бакне една од фудбалерките.

„ФИФА во последни време ги казнуваше федерациите на Перу, Чад, Гватемала, Кенија, Тринидад и Тобаго и Замбија. Следни на оваа листа може да биде Шпанија. Во Нион и во Цирих се шокирани кога се појавија информации за можна казна. По состанокот сватија дека дека се случува нешто невидено досега“, пишува Марка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести