Круниќ со еврогол ја круниса победата – Милан е моќен и без главните ѕвезди (Видео)

Милан е моќен и кога игра без главните ѕвезди и успеа и десеткуван да ја победи Верона со 2:0 на гостински терен. Иако играа без Ибрахимовиќ, Чалханоглу, Ернандес, Манџукиќ… Росонерите ги освоија бодовите и останнуваат во трката за Скудетото.

Раде Круниќ со гол во 27 минута ширум му го отвори патот на Милан кон победата, а бодовите ги потѕврди Далот со прецизен удар во 50. минута.

https://twitter.com/mrtohjes22/status/1368569853070737409?s=20

Фиорентина и Парма одиграа нерешено 3:3, а Кротоне успеа да го изненади 7-кратниот италијански шампион Торино и победи со 4:2 во важен дуел за двете екипи во битката за опстанок.

 

- Оглас -

Најнови вести