По првото полувреме на „Драгао“, нема гол на мечот меѓу Порто и Лион, а стартот беше крвав, со незгоден судир меѓу Лукас Пакета и Пепе.
Бразилецот од редовите на Лион се обиде да го издрибла дефанзивецот на Порто, а судирот беше со главите, по што настрадаа и двајцата.
Кај Пакета беше очигледно дека има и крв на лицето, но и тој и Пепе го продолжија мечот.
Судирот на Бразилецот и Португалецот во првата минута на мечот можете да го погледнете ОВДЕ.
Порто и Лион го играат првиот натпревар од двомечот во осминафиналето на Лигата на Европа, а во исто време во Севилја играат и Бетис и Ајнтрахт.