Крвта не е вода: Роналдо јуниор го освои првиот трофеј

Кога Кристијано Роналдо направи трансфер во Јувентус, италијанскиот гигант доби две засилувања. Покрај капитенот на португалската репрезентација, во академијата на „старата дама“ се вклучи и Роналдо Јуниор. Момчето кое има само 8 години, покажува голем фудбалски талент, наследен од неговиот татко.

Роналдо јуниор веќе неколку месеци е дел од У9 тимот на Јувентус и иако игра со деца кои се една година постари од него, покажува дека на теренот е доминантен. Дека пред него е голема фудбалска кариера, покажува и првиот освоен трофеј на малиот Роналдо.

Кристијано како горд татко веднаш се пофали на социјалните мрежи и кратко напиша „Честитки“.

 

- Оглас -

Најнови вести