РК Вардар поразен од Загреб во финалето на „Лабин купот“ во Хрватска

Ракометарите на Вардар доживеаја пораз во финалето на „Лабин Купот“ во Хрватска, откако Загреб славеше со 34-27.

Во првото полувреме се играше израмнето, со менување на водството гол за гол, но Загреб успеа да зголеми темпото пред паузата и да замине со предност од 17-15.

Вардар се држеше до резултатот 18-20, но потоа влезе во сериозна криза, што Загреб го искористи за да ја зголеми предноста и на крајот да обезбеди убедлива победа од 34-27.

Претходно, во натпреварот за третото место, Слован го совлада Сесвете со 32-30.

- Оглас -

Најнови вести