Крвта што Рудигер ја пролеа за Реал Мадрид се претвори во СРЦЕ (Фото)

Реал Мадрид заедно со Манчестер сити се двата клуба кои први обезбедија место во осминафиналето од Лигата на шампионите откако на две кола до крајот имаат недостижен број бодови за ривалите во своите групи. Кралскиот клуб од Мадрид пласманот во нокаут-фазата го обезбеди благодарение на голот на Антонио Рудигер во 95-тата минута, со кој Реал израмни на 1:1 во дуелот со Шахтар.

Рудигер одлично реагираше со глава и успеа да го матира голманот на Шахтар, кој несмасно реагираше и наместо топката, го удри противникот во глава. Стрелецот на голот за Реал целиот беше облеан со крв, а добар дел од белиот дрес што го носеше стана црвен.

Токму еден детаљ на крвавиот дрес остана впечатлив. Точно на левата страна од дресот, каде што е и амблемот на Реал Мадрид, Рудигер имаше крвава дамка, која беше во облик на срце.

„Крваво срце“ точно во пределот каде што е и човечкото срце, но и амблемот на клубот чии бои ги брани Рудигер. Голот на Рудигер може да го видите ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести