Кукурелја ја прифати понудата на Челзи, Брајтон ќе ќари тројно повеќе

Челзи се договори со Марк Кукурелја, па остануваат финалните договори со неговиот сегашен клуб Брајтон, а според информациите вкупно трансферот ќе чини околу 54 милиони евра, или тројно повеќе од сумата што популарните Галеби му ја платија на Хетафе.

Лани левиот бек пристигна во Брајтон за сума од 18 милиони евра, односно англискито премиерлигаш ја активираше откупната клаузула на Хетафе и Кукурелја пристигна во новиот клуб.

Сега Манчестер сити прв почна преговори со Брајтон за ангажман на 24-годишниот Шпанец, желба и на Кукурелја беше да игра под команда на Пеп Гвардиола кај шампионот на Англија, но до договор не дојде.

Граѓанитее не сакаа да платат 50 милиони евра и се откажаа, па во игра влезе Челзи и е на прагот да го реализира трансферот на Шпанецот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести