Култната „Аноета“ крие проклетство за Мајорка веќе 18 години

1803 Борусија Дортмунд – Мајнц (Германија, Бундеслига, 15.30 часот)

Долга е листата на повредени и потенцијално отсутни играчи кај Борусија. Дури седуминаа сигурно нема да играат, а за уште пет меѓу кои се Халанд, Азар, Муние, Рејна и Аканџи настапот против Мајнц е неизвесен.

Ова само дополнително и прави проблеми на Борусија, екипа која го нема победено Мајнц на последните три меча што се играа на легендарниот „Вестфален“ во Дортмунд, или како што сега го нарекуваат „Сигнал Идуна парк“.

Мајнц одлично ја почна сезоната со сензационална победа против Лајпциг во првото коло, потоа само еднаш беше поразен во пет кола, па стасаа и поразите.

Гостите имаат два порази и реми на последните три меча во Бундеслигата, но можат да ја искористат кадровската ситуација кај фаворитот и да се обидат пак да си заминат од Дортмунд без пораз.

Често на меѓусебните дуели има и 3+, па во една поинаква варијанта ќе типуваме дека пак ќе има најмалку три погодоци и денеска.

Предлог тип: 1+I&2+II (2.00)

 

1807 Борусија Менхенгладбах – Штутгарт (Германија, Бундеслига, 18.30 часот)

Во слична ситуација како Борусија Дортмунд е и Штутгарт со листа долга цел тим од повредени и болни играчи. Ги има дури 12 што нема да патуваат за Менхенгладбах, што е голем хендикеп и за посилни екипи.

Борусија влезе во ритам по скромниот старт на сезоната и во последните две кола забележа вредни победи против силни екипи.

Го победија имењакот од Дортмунд, а потоа беа подобри и од Волфсбург, две екипи кои играат во Лигата на шампионите.

Домаќинот тешко губи на „Борусија парк“, а во ситуација во каква што е Штутарт со многу повредени и отсутни играчи се освен победа на Борусија ќе биде изненадување.

Предлог тип: 1 (1.57)

 

3003 Милан – Верона (Италија, Серија А, 20.45 часот)

Милан има дополнителни маки, откако најдобриот стрелец Брахим Дијас е позитивен на корона-вирус, исто како и Тео Ернандес, па и Шпанецот се приклучи на листата на фудбалери што нема да играат против Верона.

Милан е во одлична позиција на табелата и од второто место го демне врвот што го држи Наполи. Пиоли ќе мора да комбинира, бидејќи има многу кадровски проблеми и меч во Лигата на шампионите веќе во вторник на гости кај Порто.

Нападот на Росонерите ќе биде драстично ослабен, без Ибрахимовиќ и Дијас, против Верона нема да брани Мањан и нема да играат и Бакајоко, Флоренци и Ернандес што е шанса за Верона да изненади.

Гостите немаат пораз на последните две гостувања на „Сан Сиро“ и редовно ја тресат мрежата на Милан, па ќе типуваме дека и двете екипи денеска ќе постигнат голови.

Предлог тип: ГГ (1.66)

 

1302 Реал Сосиедад – Мајорка (Шпанија, Ла Лига, 21 часот)

Безнадежни се гостувањата на Мајорка на култната „Аноета“ речиси две децении и се редат само порази. Реал Сосиедад има 8 победи по ред против денешниот ривал кога игра на својот стадион во Сан Себастијан.

На последните пет дуели као домаќин Реал Сосиедад не прими ниту еден гол од Мајорка, а последен пат е поразен на „Аноета“ во 2003 година.

И сега се наликува на нов триумф на фаворитот, кој беше поразен од Барселона во премиерниот меч во новата сезона на Ла Лига и потоа нанижа убава серија од 9 меча без неуспех во сите конкуренции.

Мајорка игра солидно во првиот дел од шампионатот, но гостувањата за нив во Сан Себастијан цели 18 години немаат никаков ефект.

Предлог тип: 1&0-3 (2.14)

 

1703 Лион – Монако (Франција, Лига 1, 21 часот)

Кандидатите за титулата во Франција имаат сериозен офанзивен потенцијал и се очекува спектакуларен меч во Лион.

Лани популарните Лавови двапати го победија Монако во ефикасни натпревари со по пет гола, па и денеска може често да се тресат мрежите.

Лион ги има опасните Дембеле, Кадевере, Екамби, Шакири, Пакета… во нападот, а и Монако не заостанува. Лани Лион беше подобар од ривалот и славеше со 4:1 на гости и со 3:2 дома.

Имињата и квалитетот на Бен Једер, Воланд, Мартинс, Головин… кај Монако исто така ветуваат голови, па нашиот избор е дека е можна реприза од лани со многу погодоци на „Парк Олимпик Лион“.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.90)

 

- Оглас -

Најнови вести