Кулушевски е во топ-форма, штета што не игра за Македонија (Видео)

Дејан Кулушевски игра во топ-форма и штета што не игра за Македонија, откако ја одбра неговата родна земја Шведска како репрезентација за која веќе настапува.

Вечерва играчот со македонски корени постигна нов гол за Тотенхем, со кој Спарс водат со 1:0 на гости кај Брајтон.

На крилото на Тотенхем му помогна и еден од домашните играчи, кој го смени правецот на топката по ударот на Кулушевски и заврши зад грбот на Санчес.

Голот што Кулушевски го постигна во 37. минута можете да го погледнете ОВДЕ.

Ова за Кулушевски е трет гол сезонава за Спарс, чиј член е од оваа зима како позајмен од Јувентус.

Дејан има и три асистенции на вкупно 10 меча што ги одигра за Тотенхем, вклучувајќи го и овој вечерва против Брајтон, што е во тек.

Претходно Хари Кејн можеше да им донесе предност на гостите уште во петтата минута, но утна чист зицер.

 

- Оглас -

Најнови вести