Можно ли е ова? Брант утна нешто што не се промашува, Кејн успеа и тоа да го надмине (Видео)

Јулијан Брант утна нешто што не се промашува на дуелот меѓу Мајнц и Борусија Дортмунд и, за негова среќа, сепак Милионерите победија со 1:0 во заостанатиот меч во Бундеслигата, а веднаш потоа на Хари Кејн му се случи уште поневеројатно промашување.

Најдобриот стрелец на Тотенхем во петтата минута имаше празен гол пред себе, но успеа да го стори невозможното и утна чист зицер на дуелот со Брајтон.

Промашувањето на Брант се случи во 95-тата минута, а, за негова среќа, Вицел со гол во 87-мата минута ѝ донесе победа на Борусија Дортмунд.

Brandt Miss vs Mainz from soccer

Мечот меѓу Брајтон и Тотенхем е во тек и по 25 минути игра, сè уште нема голови.

Kane miss vs Brighton from soccer

 

- Оглас -

Најнови вести