Куман и Анчелоти имаат по една дилема: кој ќе ги чува Фати и Винисиус?

Спектаклот на „Камп Ноу“ на кој пред полни трибини за бодови ќе се борат Барселона и Реал Мадрид, е во центарот на вниманието на шпанската, па и светската јавност, иако двата гиганти не се најдобри тимови на светот со најголеми ѕвезди во своите редови.

Според најавените почетни состави за средбата која стартува во 16.15 часот, единствени дилеми на тренерите се кого да стават да игра како десен бек. Отсуството на Араухо му ги поремети плановите на Куман во дефанзивниот ред, а бидејќи Дест играше како поофанзивен на поседните два меча, десен бек треба да биде Мингеса или Серхи Роберто. Кој и да се најде на терен, ќе има тешка задача против брзиот, а сезонава и голгетерски расположен Винисиус.

И Анчелоти уште нема одлучено кој да биде стартен десен бек, бидејќи Карвахал не е подготвен за 90 минути, а италијанскиот стручњак не верува многу во Лукас Васкес на таа позиција. Можно е таму да се најде Валверде на кого нема да му биде првпат да „глуми“ десен бек, иако тоа не е негова природна позиција. Десниот бек на Реал ќе има голем проблем, ќе треба да се справува со Ансу Фати кој лани на „Ел Класико“ кога Барса беше домаќин, го даде единствениот гол за каталонскиот тим.

Тренерите Куман и Анчелоти имаат и лични мотиви за победа. Куман со Барса во минатата сезона двапати беше поразен од Реал, а Анчелоти во минатото кога го водеше Кралскиот клуб, загуби три од четирите дуели со Барселона. Како играч и тренер, Анчелоти никогаш не победил на „Камп ноу“.

- Оглас -

Најнови вести