Поранешниот селектор на Холандија, Луис ван Хал, во интервју обвини дека Светското првенство во Катар било наместено за Лионел Меси да биде светски шампион со Аргентина.
Коментар на ваквите тврдења имаше неговиот сонародник, воедно и наследник на клупата на Холандија, Роналд Куман.
„Јас такво нешто никогаш не би кажал, но треба да се почитува сечие мислење. Додека играв во Шпанија, имаше многу моменти во коишто имав чувство дека Реал Мадрид се фаворизира на штета на Барселона. Сепак, тоа не може да се докаже, па подобро е да се молчи“, рече Куман.