Ван Хал мисли дека Светското првенство било „наместено“ за Меси да ја освои титулата

Прославениот холандски фудбалски тренер Луис ван Хал верува дека Светското фудбалско пренство кое минатата година се играше во Катар било подредено за Аргентина да биде светски првак, а Лионел Меси да го крене највредниот трофеј.

Аргентина стана светски првак откако во финалето на пенали ја победи Франција. На патот до финалето Аргентина ја елиминира Холандија, која тогаш на селекторското место го имаше Ван Хал. Тогашниот предводник на Лалињата беше многу лут на начинот на којшто испаднаа неговите избраници. И во тој меч Аргентина беше подобра на пенали откако во регуларниот дел беше 2:2.

„Не сакам многу да зборувам за тој меч. Кога ќе погледнете како Аргентина ги постигнуваше головите, а како ние погодувавме, потоа како дел од аргентинските фудбалери ја поминуваа границата, а не беа казнети. Мислам дека тоа беше игра со умисла“, вели Ван Хал, кој подоцна одговори дека мисли дека целта била Меси да стане светски првак.

На Мундијалот во Катар, Меси постигна седум гола, само еден помалку од првиот стрелец Килијан Мбапе. Меси беше прогласен за најдобар играч на турнириот.

 

- Оглас -

Најнови вести