„Имавме две чисти шанси за да израмниме. Се сложувам дека тоа не се многу шанси, но против еден ваков тим секогаш е тешко да се создадат добри позиции. Атлетико одлично се бранеше, а голот го постигнаа по една наша грешка. Ја имавме топката, ја загубивме и ни дадоа гол. Тоа никако не смее да се случи“, рече Куман, додавајќи дека како секој тренер, тој ја превзема одговорноста за неуспехот.
За Барселона ова беше дури трети пораз по само осум одиграни кола и остана на 11 бодови, што засега е доволно само за 10-тото место на табелата. Каталонскиот гигант ваков лош старт во првенството немал повеќе од две децении.
„Работиме, се обидуваме да создадеме најдобар можен тим на секој меч… Што повеќе да направам?“, вели во немоќ Куман, кој сезонава го однесе тимот само до три победи во Примера.
Дополнителен проблем за Барселона е тоа што во наредните неколку месеци ќе биде без двајца стартери. Ансу Фати поради повреда на коленото не играше ниту против Атлетико Мадрид, додека Жерард Пике се повреди токму на синоќешниот дуел во Мадрид.