Хорор повреда на Пике, дали ова значи крај на сезоната за него? (Видео)

Двојна штета има Барселона од гостувањето кај Атлетико Мадрид. Каталонскиот гигант загуби со 0:1 на „Ванда Метрополитано“, но тоа што е многу поважно е дека го загуби и Жерар Пике.

Искусниот дефанзивец заработи тешка повреда на коленото во второто полувреме и мораше да биде заменет. По еден напад, напаѓачот на домаќините, Кореа падна директно врз ногата на Пике, а по болната реакција на дефанзивецот на Барселона, јасно е дека се работи за сериозна повреда.

Првично делува дека може да се работи за кинење на лигаментите на коленото повреда која е една од најтешките во спортот и бара повеќемесечна пауза.

https://twitter.com/i/status/1330260258997088257

 

- Оглас -

Најнови вести