25.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Куман: Не сме се откажале од титулата во Шпанија

Барселона вечерва има шанса да се искачи на второто место во Примера дивисион и да дојде до само четири бода зад лидерот Атлетико Мадрид. Каталонскиот гигант е фаворит и треба да ги освои трите бода на „Камп Ноу“ против Уеска. Гостите се последни на табелата во Примера.

Тренерот на Барселона, Ронал Куман вели дека борбата за титулата во Шпанија допрва ќе се разгори и уште ништо не е решено.

„И претходно имав кажано дека трката за титулата не е решена. Многумина мислеа дека зборувам глупости, но сега се покажува дека бев во право. Реков дека Атлетико не може постојано да победува. Тие сезоната ја започнаа во пеколно темпо, но не може да се издржи во ист ритам цела сезона. Сега и тие прават киксови и нивната предност полека се топи. И Реал Мадрид е во трка за титулата, но сепак ние го гледаме нашиот пат. Заостануваме зад лидерот, но уште ништо не е решено. Можно е титулата да се решава дури и во последното коло“, рече Куман, пред денешниот меч против Уеска.

Барселона досега два пати играла против Уеска на „Камп Ноу“ и два пати победила убедливо и вкупно за 180 минути игра, биле постигнати дури 19 погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести