Меч што вреди да се „брка“ 7+: Уеска два пати гостувала на „Камп Ноу“ и вкупно имало 19 гола

Барселона вечерва има шанса да се доближи на четири бода до лидерот Атлетико Мадрид во шпанската Примера дивисион. Каталонскиот гигант на свој терен игра против Уеска, а трите бода речиси без дилема ќе бидат освоени.

Уеска е тимот кој е последнопласиран во Примера со само 20 бода од 26 меча и дури 40 примени гола, додека Барселона го има најдобриот напад во лигата со 57 погодоци во 25 меча. Каталонскиот гигант на свој терен во 13 меча даде 32 гола, а прими 13 што во просек е речиси 3,5 гола на натпревар.

Освен статистиката од тековната сезона, факт кој несомнено најавува дека треба да има многу голови, се претходните два меча на овие два тима на „Камп Ноу“. Уеска два пати има гостувано кај Барселона и два пати доживеа дебакл. Во септември 2018 година, Уеска прва даде гол на гостувањето, но тоа ги налути каталонците. На полувремето беше 3:2 за Барселона, а на крајот домаќините славеа со убедливи 8:2.

Осум гола Барселона Уеска и даде и во мечот од Купот на Шпанија во 2014 година. Тогаш, уште по првото полувреме Барселона стигна до убедливи 5:0, а во 83 минута веќе беше 8:0 за домаќинот, кога Уеска постигна почесен погодок.

Ако е повтори ефикасната игра и вечерва, може да очекуваме ова да биде меч за обложувачки 7+. Во Sport Life коефициентот за 7+ е 13.5. Секако има и други игри на голови кои вредат да се искомбинираат, а целата понуда може да ја најдете на Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести