Куман со шут-карта за најдобиот пријател на Меси во Барселона!

Луис Суарес не е во плановите на новиот тренер на Барселона, Роналд Куман. Според најавите од Шпанија, Куман јасно ставил до знаење дека уругвајскиот напаѓач не е во неговите планови кога се работи за составување на тимот за следната сезона.

Според договорот, Суарес има да одработи уште една сезона на „Камп ноу“, но речиси е сигурно дека нема да го носи дресот на Барселона во новата сезона. Каталонците имаа очајна сезона во која не освоија ниеден трофеј, а во последниот меч доживеаја дебакл кој не се памти повеќе од 75 години, кога со 8:2 беа елиминирани од Баерн Минхен во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Суарес во Барселона дојде во 2014 година и за овие шест години ги освои сите највредни трофеи на клупски план. Уругваецот за овој период најмногу се зближи со Лионел Меси, па често овие двајца можеа да се видат заедно на одмори, вечери или забави, а одлично се дружат и нивните семејства.

Куман со својата одлука всушност од Барселона го брка најдобриот пријател на Меси од сите фудбалери во клубот. На фудбалски план, Суарес за Барселона одигра 283 натпревари, во кои даде 198 голови, а имаше и 109 асистенции. Уругваецот во јануари наполни 33 години.

- Оглас -

Најнови вести