Куман: Тешко е да се објасни

Поразот вчера од Кадис со 2-1 беше четврти за Барселона по само 10 одиграни натпревари во Ла Лига, по што Каталонците заостануваат 12 бода зад лидерот Атлетико Мадрид.

Тренерот Роналд Куман мораше да бара оправдувања за лошата игра, но и киксовите на одредени фудбалери кои станаа сè почести во изминатиов период, за што немаше одговор.

„Тешко е да се објасни зошто примаме голови на такви грешки, можеби ни недостасува концентрација. Ниту за вториот гол немам објаснување, освен што очигледно е дека не сме доволно концентрирани. Повторно му дозволивме на противникот прв да постигне гол, што редовно ни ја отежнува работата. Ние треба да го диктираме темпото, меѓутоа не успеваме во тоа. Целиот тим имаше лош настап, но со вистински пристап ќе ги смениме работите во наша полза. Разликата од 12 бода сега не е голема, продолжуваме да се бориме“, посочи Куман по поразот.

- Оглас -

Најнови вести