Киксерот Тер Штеген честеше, прва домашна прволигашка победа на Кадис после 14 години! (Видео)

Кадис приреди сензација во последниот денешен натпревар од шпанската Примера, откако славеше против големата Барселона со 2-1. За Кадис ова е прва домашна домашна победа и прва во Ла Лига уште од мај 2006 наваму. Цели 14 и пол години немаа добиено никого на свој терен во прволигашки меч, а малерот го разбија против Барса.

Кадис рано поведе и најави дека може да изненади. Барселона сезонава на гостински терен нема добиено ниту еден меч на кој губела, и таа традиција продолжи. Победничкиот гол го даде 35-годишниот Алваро Негредо, само 43 секунди откако влезе во игра и го искористи огромниот кикс на голманот Марк Андре Тер Штеген. Германскиот голман како да сакаше да му се реваншира на колегата Нојер кој денеска истотака направи голема грешка.

Кадис пред 30 сезони последен пат ги имаше победено и Реал и Барса во иста сезона, а и сега тоа му појде од рака. Вечерва Кадис имаше само 18 проценти посед на топката, но даде два гола и се радуваше.

- Оглас -

Најнови вести