Кумановец вечно ќе го памети голот на Мане против Астон вила

Топ тикетот во Sport Life обложувалници за изминатиот викенд доаѓа од Куманово. Наш редовен типувач составил тикет од 12 парови и на сите чекал три или повеќе погодоци. Едноставно, а одлично формирано добитно ливче кое му донесе 111.053 денари добивка на кумановецот со влог од 400 денари.

Типувачот комбинирал неколку натпревари од топ-5 лигите во Европа со дуели од послабите првенства. Од вкупно 12, 11 се со типот 3+, додека дуелот Ајнтрахт – Баерн, кој заврши со резултат од 5-1, пишан е 4+.

Меѓу оние 11 парови е и Астон вила – Ливерпул. Нашиот обложувач сега се крсти во Садио Мане и неговиот победнички гол во 90+4 минута за конечни 2-1 во корист на Црвените.

ОХРИЃАНИ НЕМААТ ВРЕМЕ ЗА ЧЕКАЊЕ, ЗА 45 МИНУТИ ДОЗНАВААТ ДАЛИ СЕ ДОБИТНИ ИЛИ НЕ

Само со четири парови и 200 денари влог не е лесно да се дојде до убавата добивка од 86.462 денари. Но, на типувачот од Охрид тоа му успеа, а дозна дали е добитен уште по првото полувреме oд четирите дуели.

Охриѓанецот избрал два меча од Бундеслигата и два од велшкиот шампионат и ги типувал дека на сите ќе има по три погодоци во првите 45 минути. Резултатот на мечот Ајнтрахт – Баерн на паузата гласеше 2-1, Лајпциг од вкупно осум гола, дури пет ги даде во првиот дел против Мајнц.

Велшаните го испотиле типувачот. На мечевите Аирбус – Абериствајт и Кармартен – Друидс за трет погодок се чекаше судиското продолжение, ги дочека и сега си е посреќен со 86 „илјадарки“ во џеб.

ЌЕ БИДЕ ЛИ „КЕЦ“ ИЛИ „ИКС“? НЕКА БИДЕ И ДВЕТЕ, АМА НЕКА ИМА И ПО НЕКОЈ ГОЛ

Третиот топ-тикет за викендов доаѓа од Струмица, а на овој неодлучен типувач му се исплатило колебањето. Наместо да игра чисти „кецови“ или „иксови“, двознакот надополнет со погодоци се покажа како тактички точно типување, па со вложени 30 денари, си подигна добивка од 41.406 денари.

На повеќето натпревари типувачот немал дилеми дека ќе завршат во негова полза, проблем правел дуелот меѓу Јеовил и Борехам од аматерската англиска лига. Резултатот бил 1-0 до 90-тата минута, а гостите успеаја да се спасат од пораз пред истекот на последната регуларна минута.

Слично се случувало и во втората Бундеслига на мечот меѓу Ерзгебирге Ауе и Најденхајм, каде што гостите израмниле на 1-1 дури во 88-мата минута.

- Оглас -

Најнови вести