Драма во Тетово: Македонија ЃП преку пенали до финалето на Купот (Видео)

Екипите на Македонија ЃП и Струга Трим Лум ќе играат во големото финале на фудбалскиот Куп на Македонија.

Македонија ЃП рано поведе со голот на Личина во 12-тата минута, што беше резултат по првото полувреме.

Шкендија во вториот дел играше офанзивно со цел да израмни и тоа им успеа во 65-тата минута, кога домаќините стигнаа до 1:1 преку резервистот Милев, резултат кој не се промени до крајот на регуларните 90 минути.

Патникот во финалето беше одлучен дури во шестата серија од пенал-рулетот, кој го доби екипата на Македонија ЃП со 4-3.

Противник на Македонија ЃП во финалето ќе ѝ биде екипата на Струга Трим Лум, која со минимални 1-0 беше подобра од Силекс. Единствениот погодок на натпреварот беше дело на Меџит Незири во 65-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести