По паузата за репрезентативните настапи, но и онаа непланираната поради првиот круг од локалните избори, фудбалот во Македонија се враќа со четири меча од осминафиналето на Купот.
Сите четири меча може да ги најдете во богатата понуда на Sport Life, а според квотите, возбудувањата нема да изостанат.
На два меча играат прволигаши против второлигаши, а изненадувачки Шкендија Арачиново ја има фаворитската улога според квотите во Sport Life против битолскиот Пелистер.
Второлигашот има квота од 2.25 за победа, додека Пелистер има квота од 2.65 за пласман во четвртфиналето.
На вториот меч на којшто играат прволигаш против второлигаш, Работнички на стадионот во скопската Автокоманда ја пречекува штипската Брегалница. Тука фаворитската улога ја има Работнички со квота за победа од 2.00, додека изненадување на штипјани има квота од 3.15.
Интересни ќе бидат и натпреварите помеѓу прволигашите. Башкими во Куманово го пречекува Силекс, а екипата од Кратово е во предност со квота за победа од 2.35 во понудата на Sport Life, додека триумф на домашните има квота од 2.60.
Во Ѓорче Петров, Македонија ЃП е домаќин на Струга. Гостите се фаворити со квота од 2.00, додека триумф на „лавовите“ има квота од 3.00.
Сите натпревари се играат со почеток во 14 часот.