Чизреспор нема веќе да се натпреварува во Втората турска лига, а повлекувањето на клубот од Регионот на Дијарбакир предизвика многу полемики во Турција.
Клубот е претежно во владение на Курдите, кои се пожалија на расизам и на непринципиелност на Турската фудбалска федерација, која не ги заштитила од вербалните напади.
„Постојано нè навредуваат и извикуваат слогани со елементи на расистички навреди. Никој не реагира за да нè заштити и мораме да го напуштиме натптреварувањето. Кога игра Чизреспор, фудбалските стадиони се претвораат во гладијаторски арени“, стои во соопштението на Чизреспор.